СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ш. (30) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“. Во текот на март, април и мај оваа година, С.Ш. тешките кражби ги сторил во неколку цркви во Охрид и околните населени места, како и во една џамија во Охрид. Во црквата “Св.Тома“ во с. Лескоец, пријавениот одзел околу 600 денари. Во црквата “Св.Цар Костадин и Елена“ во Охрид влегов внатре, но не одзел ништо. Исто така, влегол и во црквите “Св.Наум“, “Св.Тома“ и “Св.Спас“ во селото Лескоец каде одзел одредена сума на пари. На 01.05.2017 година во раните утрински часови, пријавениот влегол во џамија на ул. „Гоце Делчев“ од каде одзел 1000 денари.
30 годишен охриѓанец крадел во цркви и џамија во охридско
