Охриѓанец крадел во погон за производство на мебел

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Р.Ј. (37) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка кражба”.

Во периодот од 21.00 часот на 16.06.2017 година до 07.00 часот на 17.06.2017 година пријавениот со употреба на алат влегол во погон за производство на мебел и одзел поголема количина рачен алат со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 200.000 денари.