Министерката Дескоска се сретна со амбасадорот на Италија, Карло Ромео

Министерката за образование и наука, г-ѓа Рената Дескоска, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Н.Е. г-динот Карло Ромео.

На средбата стана збор за унапредување на изучувањето и промоцијата на италијанскиот јазик и култура во образовните институции во Република Македонија.

Министерката Дескоска, напомена дека постои идеја за изучување на повеќе светски јазици во сите сегменти на образованието.

На средбата исто така, стана збор за унапредување на соработката меѓу двете држави, посебно на соработката меѓу високообразованите институции во Република Македонија и Италија.