Оштетени садници на патеката од мостот до Горица

Утринава дежурните екипи на ЈП „Охридски Комуналец” забележаа повторно оштетување на садниците на патеката од мостот до „Горица”. Овој пат непознати сторители извршиле оштетување на 8 од новите садници кои се од сортата „Каталпа”, со корнење и кршење на истите од непознати причини.

Претпријатието го осудува овој вандалски чин со кој е нанесена материјална штета, но и нагрдување на јавните зелени урбани површини и апелира до граѓаните да не ги оштетуваат зелените јавни површини, односно садниците во парковите и дрворедите, цветните фигури и цветните расади коишто ги красат парковите и зелените површини, како и да не ја уништуваат урбаната опрема низ парковите.