Исчистена дива депонија во Трпејца

Дел од екипите при ЈП „Охридски Комуналец”, по барање на месното население, денес исчистија дива депонија создадена од несовесни граѓани во с. Трпејца.

„И покрај апелите на претпријатието до граѓаните да го депонираат отпадот на местата одредени за тоа, продолжуваат старите навики. Беа подигнати големи количини на разновиден отпад, и притоа беше употребено специјално возило.“- велат од ЈП „Охридски Комуналец“.