Македонската одбојкарска репрезентација трета година по ред останува без златен медал во финалето од Европската лига. Оваа година пречка за нашите беше репрезентацијата на Украина.
Украина ги доби првите два сета со 25:15 и 25:22 со што поведе со 2:0. Македонија успеа да го добие третиот сет со 24:26 и да намали на 2:1. Но, Украина го доби и четвртиот сет со убедливи 25:13 со што оствари триумф од 3:1 на овој натпревар и го освои златото во Европската лига оваа година.
WebOhrid