Силен земјотрес го погоди Охрид – има материјални штети

Силен земјотрес го погоди Охрид во 11:39 часот. Земјотресот беше со јачина од 4.2 степени според Рихтер, на длабочина од 3 километри. Неговиот епицентар беше 8 километри источно од Охрид.

Предизвикани се помали материјални штети: напукнати ѕидови, оштетени оџаци, искршени предмети и сл.

Четири минути подоцна следуваше уште еден послаб земјотрес, со интензитет од 2.3 степени, на длабочина од 8 километри.

Подоцна следуваа уште два: во 13:53 часот со интензитет од 2.4 степени и во 14:31 часот со интензитет од 2.8 степени.

WebOhrid