Продолжуваат потресите во Охрид – граѓаните вознемирени

По силниот земјотрес денес во 13:18 часот во Охрид, следуваа серија послаби потреси. Охриѓани видно вознемирени ги напуштаат своите домови и се собираат на безбедни места подалеку од станбените објекти.

Потресите не стивнуваат. Попладнево повторно се регистрирани нови земјотреси, од кои еден беше посилен, во 18:14 часот со интензитет од 3.6 степени според Рихтер. 

WebOhrid