Се повикуваат граѓаните на Општина Охрид кои сметаат дека земјотресот кој беше почуствуван на територијата Општина Охрид на 03.07.2017 година им има нанесено материјална штета на нивните имоти, истата да ја пријават во просториите на Општина Охрид.
Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот од 04.07.2017 година (вторник), во Општински услужен центар, во архива на Општина Охрид, или на телефонскиот број 046/230-175.
Лице за контакт од Општина Охрид за пријавување на штетите е дипл. земјоделски инженер Радован Вељаноски, Претседател на Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.
Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост на имотот (имотен лист), а доколку лицата поседуваат фотографии истите да ги приложат кон барањето.
Општина Охрид – Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди