Викендов во Охрид на самото градско пристаниште се одржа 16-то издание на фестивалот „Канео фест 2017“, во организација на ТВ Морис од Охрид.
Низ песните на фестивалската бина пропеаја и новинари, водители, доајени на македонската песна, ама и нови имиња кои ја добија својата 4 минутна можност да бидат забележани низ трагот на ова издание, во неповторливата магија која што ја создава Охрид сам по себе. Од една страна слушате новокомпонирана македонска песна, зошто е фестивал од натпреварувачки карактер и нејзиниот звук завршува со мелосот на езерскиот бран.
На ова издание беа забележани 22 фолк композиции и 9 новокомпонирани поп композиции.
Гранпри во фолк делот освои доајенот на македонската песна Славка Младеноска со композицијата „Свети граде Охриде“, додека баладата насловена “Не допирај“, од која на сите им се наежи кожа, во изведба на Мери Тодорова Младеноска, Тв водител на емисијата “Лица и дела“ на Телевизија Сонце го освои Гранпри во поп делот.
„Низ овие 16 години на “КанеоФест“ продефирирале многу музички имиња кои дали во тој дел од својата кариера веќе биле докажани изведувачи, или пак токму овој фестивал им била отскочна даска, зошто Канео ги отвара вратите како за еминентни и докажани изведувачи така и за аматери. Би ги споменалe низ минатите изданија Благица Павловска, Боби Мојсовски, Ален Хасановиќ, Ристе Ристески со неговиот тогашен “енерџи бенд“.“- велат од фестивалот.
Жири комисијата во состав на Сашо Денесоски –уредник и новинар, Мишко Србиноски-естраден уметник, Ленче Јордеска Ристеска-текстописец, Димитар Павловски-композитор и Јован Трпески-сопственик на ТВ Морис, како и публиката ги одбраа најдобрите, во навистина големата конкуренција на 31 фестивалска песна.
Во забавниот дел Зоран Далчески инаку познат како фолкер, сега се претстави со поп композија ја освои третата награда од публиката,втората награда публиката ја додели на Лени и Владо за композицијата “Таму некаде“ и исто така ја добија наградата за најдобра сценска изведба а првата награда публиката ја додели на Валентина Ѓорѓиевска-Парго за нејзината “Парче душа “ со која навистина ги “размрда“ сите во публика,инаку познат еминентен новинар на македонската јавност.
Првата награда од жири комисијата ја Доби Петар Нечовски,кој во оваа прилика се присети на деновите кога се појавил на македонската сцена и тоа со поп композиција па затоа и сега отпеа вистински летен хит насловен како “Песно моја“,втората награда од жирито замина во рацете на Љупчо Јошевски “За една згодна Кристина“ која композиција ја доби и наградата за најдобар текст за текстописецот кој се потпиша на оваа песна Цане Трајчевски а третата на Дејан Добревски.
Најдобар аранжман беше доделена на Лазе Ѓоргиев за „Песна за Веле“,која ја отпеа Горан јованов а за хит песна на вечерта беше прогласена песната на Ице Панов.
Публиката за прва награда во фолк делот го одбра Здравко Кузески кој ја отпеа „Тргни по мене“, со втора Нина Николовска за „Мајка Богородица“.Трета награда добија сестрите Маја и Ружица Герасимоски кои ја изведоја нумерата „Една е мајка“.
Прва награда од жири комисијата замина во рацете на Јорданка Смилоска и Петар Миленкоски со „Свадба си правиме“, втората награда на песната „Скопје ми е во срцето“ на Нада Ангелоска инаку специјална гостинка од Австралија , а третата на Славица Стевовска за песната Искра Последна“ Награда за најдобар аранжман понесе Славко Ристески за, темата „Свадба си правиме“, а награда за најдобар текст доби Џевџет Вејселоски за нумерата „За песна родена“,која ја отпеа Јорданка Смилеска.
За сценска изведба беше наградена Билјана Саздоска со „Неверен“, а за хит на вечерта беше прогласена темата на Емрах Мехмеди.