Кривична пријава за стружанка поради „бесправно градење“и „узурпација на недвижност“

НК КР Струга поднесе кривична пријава против Ж.Н. (60) од Струга, за сторени кривични дела „бесправно градење“и „узурпација на недвижност“.

По примена пријава од граѓани и преземени мерки, утврдено било дека пријавената на ул. „Пролетерски бригади“ во Струга, на парцела сопственост на Р.Македонија, изведува помошен објект до објект за домување кој се состои од зидови од бетонски блокови, дрвена кровна конструкција покриена со ламарија, без да поседува решение за изведување на градбата.