Прес конференција,
Томислав Тунтев, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата
Почитувани медиуми, почитувана јавност,
Денешната вест дека ВМРО-ДПМНЕ ќе формира дури десет пратенички групи во Собранието не е ништо друго освен класична блокада на работата на Собранието на Република Македонија. Тоа значи блокирање на реформите и оневозможување граѓаните да ги добијат потребните сервиси и услуги од државата. Со ваквата блокада ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се однесува лицемерно, себично, неодговорно и на директна штета на граѓаните.
Парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ, ќе направи се за да не застанат реформите за кои гласаше мнозинството од граѓаните и кои носат добро за сите. Граѓаните заслужуваат повисока минимална плата и просечна плата, заслужуваат институции што се во нивна служба и заслужуваат нови работни места и правда за сите.
Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од ваквиот несовесен потег што всушност претставува понижување и девастација на институцијата Собрание, понижување на граѓаните и демократските вредности и е спротивен од државните и интересите на граѓаните. Ниту граѓаните, ниту Република Македонија не смеат да бидат заложници на неколку лица од раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои поради исклучиво сопствени хирови сакаат да ја блокираат целата држава.