Реконструкција на крак од селски водовод во Куратица

Деновиве започна со реализација на проектот за реконструкциај на селскиот водовод во село Куратица.

Според проектот е предвидено поставување на нов цевковод во должина од 470 метри, 4 шибери и 2 нови шахти за регулација на водата.

„Со овој проект ке се подобри квалитетот на водата која до сега беше во постоечки метални цевки кои беа пред распаѓање. Изведувач на работите е Бокоп Боровец. Според предвидената динамика проектот треба да биде завршен за десетина дена. Вкупната вредност на проектот изнесува 260 000 денари од кои 197 000 денари се финансирани од Општина Охрид, а остатокот е учество на месната заедница.“- информираат од Советот на МЗ Куратица.

Во текот на наредните денови е предвидено да започне со реализација уште еден проект за една фаза од реконструкција на стара зграда на сретселото, кој исто така е финансиран од општина Охрид.