Синоќа во 22:30 часот во Полициската станица во Охрид од страна на лекар од Медицинскиот Центар – Охрид, пријавено е дека во куќа на ул. „Гоце Делчев“ во Охрид, констатирана е смрт кај Ќ.Ф (62) од село Лабуништа-Струга. Истиот бил на гости кај Б.Б (51) каде му се слошило и паднал на подот.
Увид е извршен од страна на увидна екипа при СВР-Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.