Синоќа во 20:30 часот на Граничниот премин – Ќафасан, на влез во Република Македонија од страна на полициски службеници приведен е Ф. В. (33) од Кичево, кој што бил евидентиран со мерка „Лиши од слобода“ од 17.08.2016 година.
Од извршените дополнителни проверки во евиденциите на Граничните премини констатирано е дека лицето треба да се спроведе до Казнено поправна установа – Затвор Битола за издржување на казна затвор од два месеци и два дена поради сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Струга кои го спровеле лицето до КПУ-Затвор Битола.