Активната и непосредна презентација на целокупната понуда во сегментот на алтернативните форми на туризмот како стопанска гранка која најнепосредно носи економски бенефит на најширокиот круг на жителите на територијата на општина Охрид, а во рамки на активностите утврдени со Г2 равојната програма за поттикнување на развојот на туризмот за 2017 година и оваа година Секторот за туризам и ЛЕР традиционално ќе ги одржи манифестациите :
Фестивалот на „Вино и сирење“ – 11 и 12 август 2017 на кој се презентираат виното и сирењето како дел од традиционалната македонска гастрономска понуда, а преставува и можност за презентација на новите техники на маркетинг и продажба , поттикнување партнерски врски и воведување дополнителни стимулативни мерки.
Манифестацијата „Денови на мед“ – 13 до 16 август 2017 година вклучува промовирање на медот и производите од мед, а истата претставува одлична можност за охриѓани и гостите во Охрид да вкусат квалитетен мед и производи од мед.
Манифестацијата „Ohrid craft expo“- 17 до 19 август 2017 година ги вклучува елементите на промовирање на занаетчиството и занаетчиите, односно нивните производи и услуги, приближувањето кон младите луѓе и граѓаните , поттикнувањето континуирана кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој за зачувување на традицијата и културата на нашата земја, како и можност за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните кои се занимаваат со занаетчиска дејност е целта на одржувањето на
Рокот за пријавување на Манифестациите е 28 јули 2017 година во просториите на Секторот за туризам и Лер, е-mail: info@ohiridler.com или на телефонскиот број 046 230 175.
Општина Охрид
Сектор за туризам и ЛЕР