Тешка кражба во подрумска просторија на ул.„Партизанска“ во Струга

На 14.07.2017 година, во Полициската станица Струга З.Ч.(69) од Р.Австрија, пријавил дека во периодот од летните месеци од 2016 година до 13.07.2017 година, на ул. Партизанска“ во Струга, во подрумска просторија, негова сопственост, непознат сторител со употреба на тврд предмет влегол внатре и извршил тешка кражба одземајќи, велосипед, два телефони, мини шпорет и поголема количина разновиден алат и други предмети, во вредност од околу 300.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот и расчистување на случајот.