Министерката Дескоска одржа средба со претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, Перкс

Министерката за образование и наука, Проф. д-р Рената Дескоска, оствари средба со новиот претставник на УНИЦЕФ во Македонија, Бенџамин Перкс.

На средбата стана збор за продолжување и засилување на соработката со УНИЦЕФ во сите области, вклучувајќи го и процесот за инклузија на децата со посебни потреби и Ромите во образовните институции и општеството, како и подобрувањето на граѓанската партиципација меѓу младите.

Министерката Дескоска и претставникот на УНИЦЕФ во Република Македонија, Бенџамин Перкс се согласија дека резултатите од ПИСА тестирањето се загрижувачки при што г-динот Перкс напомена дека може да се смета на нивната поддршка во насока на подобрување на образованието во Република Македонија.