Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” вонредно се ангажирани на терен после првиот снег во оваа година.
„Активирани се работници за рачно расчистување на пофреквентните тротоари и чаршијата, а од делот на механизација активиран е фап со епоха за посипување на абразивни средства, 2 трактори со соларки, 2 возила со ножеви и комбинирана машина за чистење снег.“– велат од претпријатието.
Чистењето ќе продолжи и во текот на ноќните часови, со цел да се спречи замрзнување на коловозите и тротоарите низ градот.