Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ лажно пријавување на кривично дело“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.Д. (59), државјанин на Република Србија, а со привремен престој во Струга.
На 20-ти минатиот месец, во 10 часот, сега пријавениот, во полициската станица во Струга пријави казнено дело „кражба“ на две пластични стакла од предни жмигавци од патничко моторно возило марка „Мерцедес С220“., што било паркирано на паркинг во близина на Основниот суд во Струга. Тој, на полициските службеници им кажал дека непознати лица, во згодна прилика ги извадиле и бесправно ги одзеле пластичните стакла од жмигавците и веднаш заминале.
Од преземените натамошни мерки, полициските службеници од полициската станица во Струга утврдиле дека воопшто не е случена таква кражба односно дека пријавениот Е.Д. лажно пријавил такво дело на негова штета.