Вчера во 16:30 часот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на влез за с.Долно Коњско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Дачија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(52) од Охрид, и мотоцикл „БМВ“ исто така охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Ц.(22) од Охрид.
Во незгодата Н.Ц. се здобил со тешки телесни повреди по што со возило на Брза Помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му е укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи -Охрид.