Петар Наумоски е нов претседател на МКФ

Членките на Изборното Собрание на МКФ на денешниот состанок што се одржа во Скопје, едногласно го избраа единствениот кандидат Петар Наумоски за нов претседател на Македонската Кошаркарска Федерација.

Петар Наумоски ќе биде осмиот претседател на МКФ од осамостојувањето на Македонија, наследувајќи го на таа позиција Даниел Димевски кој ја предводеше Федерацијата од 2005 година.

PetarNaumoski