Жител од Исланд заработи кривична поради „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.О. (22) од Исланд поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ во обид.

На 20.04.2017 година пријавениот неовластено навлегол во е-маил комуникација, изготвил фалсификувана фактура и со менување на лажни банкарски податоци, создал услови паричните средства во износ од 4.725 евра уплатени од страна на Т.Д. (45) од Охрид, наместо да бидат пристигнати на сметката на неговиот деловен партнер од Р.Србија, биле уплатени на банкарската сметка на пријавениот.