Од страна на екипите на ЈП „Охридски Комуналец” утринава повторно беше забележано оштетување на садниците на патеката од мостот до „Горица”.
По кажување на пешаците и чуварите на плажите, после забавата во дискотеката „Парк”, во раните утрински часови, биле забележани откорнати садници и расфрлани по патеката, искршена чешма, откорнати 4 дрва од кои 2 се пронајдени и повторно засадени, едно е скршено и едно не е пронајдено. Истата појава се случува секојдневно и после апелите на претпријатието да не се уништуваат добрата кои се направени и за кои е многу вложено.