Производот „Нестле Нестум Експерт со зоб и суви сливи“ не е увезен во РМ

Агенцијата за храна и ветеринарство досега преку Системот за брзо предупредување на Европската Унија – RASSF, нема добиено нотификација со број 2017.1036 за небезбеден производ – житни снегулки “Нестле Нестум Експерт со зоб и суви сливи”, кој компанијата Нестле Адриатика превентивно го повлекува од хрватскиот пазар, по добиената нотификација дека сличен производ на пазарот на ЕУ содржи зголемени вредности на полициклични ароматични јаглеводороди.

Според податоците од Системот за брзо предупредување на Европската Унија, производот е дистрибуиран во Белгија, Холандија, Грција, Бурунди и Уганда и овие земји треба да преземат мерки за негово повлекување и за информирање на јавноста.

Агенцијата за храна и ветеринарство доби известување од компанијата за повлекувањето на производите и будно ја следи состојбата. Доколку се јави потреба, веднаш ќе реагира преку преземање на потребните мерки за безбедност.