Припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, Регионален центар за гранични работи – Север во соработка со Црвениот крст на град Скопје завчера (25.07.) во периодот од 11,00 до 12,00 часот на граничниот премин “Табановце“ реализираа показна вежба од областа на превенција на тема „Превенција од топлотен удар и давање прва помош“.
Целта на реализираната превентивна активност преку показната вежба беше подигањето на свеста кај патниците кои ја преминуваат државната граница за последиците од топлотен удар и мерките за превентивна заштита, како и улогата на граничната полиција во услови на загрозена здравствена состојба на патниците кои ја преминуваат државната граница.
По завршување на показната вежба на патниците кои остваруваа влез во државата од страна на Црвен крст и УПС од РЦ за ГР Север им е поделено вода и едукативен материјал со препораки и совети за безбедно одвивање на патувањето при високи температури кога можат да настанат физички и физиолошки промени кај патниците доколку не ги почитуваат или не ги превземаат неопходните мерки за заштита на сопственото здравје.