На второто издание од фестивалот „Ohrid Calling“ што ќе се одржи од 1-ви до 4-ти август во Охрид, ќе настапи легендарната група “Бјело Дугме“ и светски познатите диџеи AFROJACK и HARDWELL.
„И годинава имаме светски познати имиња кои Охрид го етаблираат на мапата на фестивалски градови, а „Ohrid Calling“ прераснува во традиционален настан кој верувам и сум убеден дека од година во година добива на масовност, на квалитет и популарност,“ истакна на денешната прес конференција Ѓоко Апостолов, раководител на Секторот за ТЛЕР.
Од „Авалон“ и годинава ветуваат забава, одлична музика и дружење.
„Имаме три вечери музика за сите вкусови. Пред месец дена заврши фестивалот Skopje Calling на кој имаше публика од цела Европа. Истото го чекуваме и во Охрид, продажбата на карти тече одлично, се продаваат низ цела Европа“, изјави Денис Илиоски од „Авалон“.
На првата фестивалска вечер на 1 август ќе настапи супер популарниот диџеј AFROJACK, втората фестивалска вечер е резервирана за диџеј ѕвездата Hardwell, а спектаклот ќе заврши на 4 август со “Бијело Дугме“. Концертите ќе се одржуваат на СРЦ “Билјанини Извори“.