Охриѓанец паднал од кајче и се повредил

Утрово околу 03:30 часот со возило на Итна медицинска помош, во болница „Св.Еразмо“, со повреди на главата бил донесен Г.С. (40) од Охрид. Повредениот бил донесен од непознати лица кои кажале дека биле со кајчиња во водите на Охридското Езеро, при што Г.С. паднал и се здобил со повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.