По 15ти пат Курајчки средби 2017

Традиционално и оваа година по 15ти пат во Куратица ќе се одржат „Курајчките средби“. Над илјада иселеници повторно ќе имаат можност на блиска средба со своите, во родното огниште. Ваквите средби се повторуваат од година во година при што се’ поголеми се бројноста и посетеноста на оваа манифестација.

„Ваквите средби се организираа уште од осумдесеттите години, кога потоа биле прекинати, а денес петнаесет години по ред непрекинато се реализираат.“- велат од Месната заедница Куратица.

Покрај пријатниот планински амбиент и живописната природа со свеж и чист воздух, кој постојано го нуди Куратица, манифестацијата ќе биде збогатена со „Селект бенд“ и Сања Ристеска.29.07.2017 од 20 часот.

„Воедно ги покануваме сите на заедничко дружење и оваа година.“- додаваат оттаму.