ЈП „Охридски Комуналец“ организира средби со претседателите на урбаните заедници

ЈП „Охридски Комуналец“ оствари средба со претседателите на урбаните заедници: „Стар град“, „Центар“, „Кошишта“, „Билјанини извори“, „Горна Влашка маала“, „Воска“, „8-ми Септември“, „Видобишта“, „Радојца Новичиќ, „15-ти Корпус“ и „Рача“. Претседателите директно се запознаени со проблемите во урбаните заедници кои ги претставуваат. Целта е истите да бидат тековно решени од страна на ЈП „Охридски Комуналец“, во согласност со можностите.

Ваквите средби ќе продолжат во наредните денови со останатите урбани и месни заедници.