Кичевчанец по расправија извадил ловечка пушка и пукал во воздух

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Б.С. (26) од Кичево.

Пријавениот, казненото дело го сторил на деветти минатиот месец во 08 часот и 15 минути во дворот од куќа сопственост на А.С. во кичевското село Туин. Тука, се случила вербална расправија на сега пријавениот со И.А. од истото село која, набрзо прерснала во меѓусебно туркање и обид за физичка пресметка. Откако двајцата биле раздвоени од други присутни во куќата, пријавениот се упатил на првиот кат од каде, низ прозорецот извадил ловечка пушка и испукал еден куршум предизвикувајќи значителна опасност за животот на тука присутните луѓе.

Полициските службеници кои извршија обезбедување на местото на настанот, го одзедоа огненото оружје ловна пушка „Црвена застава“ калибар 12 милиметри со еден испукан патрон во десната цевка и реденик со 5 патрони. По наредба од Основното јавно обвинителство, одземената пушка и муниција, се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во Скопје.