Шахистите на „Алкалоид“ шампиони во Охрид

Европскиот шаховски првак „Алкалоид“ ја одбрани титулата државен шампион на Македонија на екипниот шампионат одржан во Охрид. „Алкалиод“ во сите пет кола оствари убедливи победи и популарните „фармацевти“ освоија 10 бодови, односно 27 поени по табли. Второто место го освоија шахистите на Гамбит Асеко СЕЕ со 8 бода, а трети беа гостиварчани со 6 поени.

За „Алкалоид“ ова беше 20. домашна титула.

За актуелниот европски и македонски првак на овој шампионат кој е најава за Европскиот екипен Куп настапија: Павел Елјанов (Украина), Дмитриј Андрејкин (Русија), Дмитриј Јаковенко (Русија), Јуриј Криворучко (Украина), Филип Панчевски, Трајко Недев, Дејан Стојановски, Звонко Станојоски, Влатко Богдановски и капитенот Драгољуб Јаќимовиќ.

Извор: НетПрес