Основците од ОУ „Христо Узунов“ денеска, во рамките на активностите за одбележување на празникот Свети Климент, ги посетија културните институции, НУ „Охридско Лето“, библиотеката „Григор Прличев“ и Центарот за култура „Григор Прличев“. Учениците се запознаа со активностите на трите установи при што ги збогатија своите знаења од посетата која пред се имаше едукативен карактер.
Ваквите активности, кои пред се имаат за цел да ја подигнат свеста кај учениците за културните вредности, ќе продолжат и во иднина најавија од „Охридско Лето“. На предлог на директорката на оваа национална установа, Елизабета Јанкуловска, во најскоро време ќе биде организирана и изложба со дела изработени токму од основците од ова училиште.