Детали за вчерашниот инцидент на ул. „Сатеска“ во Охрид

На 30.07.2017 година во 16.50 часот телефонски во ПС Охрид, од страна на екипата за Итна медицинска помош било пријавено дека на ул. „Сатеска“ има починато лице. Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид излегле на местото на настанот. Бил утврден идентитетот на лицето, се работи за М.Г. (55) од истата адреса. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било пренесено во Медицински центар Битола за обдукција.