Зголемени активности на службите на ЈП „Охридски Комуналец“

Поради зголемена посетеност за време на викендот беа максимално ангажирани сите работни единици, расположливата механизација и ресурси на ЈП „Охридски Комуналец”.

„Се работеше во три смени на метење, собирање и подигање отпад. Се расчистуваа локациите каде имаше зголемена посетеност на гости и фреквентните улици во центарот на градот.“- велат од претпријатието.