Деновиве Охрид е полн со гости. Метеж во сообраќајот, полни плажи и угостителски објекти се показател дека Охрид е секогаш исполнет со домашни и странски гости за празникот Илинден.
Летните горештини ги наполнија охридските плажи, а навечер полни се чаршијата, шеталиштата и летните бавчи во градот.
Зголемената посетеност е резултат и на одржувањето на голем број концерти и настапи на познати музички имиња од земјава и странство.
WebOhrid