Охрид полн со гости за Илинден

Деновиве Охрид е полн со гости. Метеж во сообраќајот, полни плажи и угостителски објекти се показател дека Охрид е секогаш исполнет со домашни и странски гости за празникот Илинден. Летните горештини ги наполнија охридските плажи, а навечер полни се чаршијата, шеталиштата и летните бавчи во градот. Зголемената посетеност е резултат и на одржувањето на голем број концерти и настапи на познати музички имиња од земјава и странство. WebOhrid

повеќе...

СДСМ: Стариот дел од градот се соочува со невиден метеж и застој во сообраќајот

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „И оваа летна сезона во Охрид минува низ истиот хаос и деорганизација како и во изминатите четири години под владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, годинава хаосот, нередот и метежот, се уште поочигледни и поголеми бидејќи локалната власт не донесе летен сообраќаен режим со кој ќе се регулира сообраќајот во стариот дел од градот. Поради тоа, стариот дел од градот се соочува со невиден метеж и застој во сообраќајот. Наместо автентичниот дел од градот да биде пријатно место за уживање и…

повеќе...

Општинскиот совет за безбедност со апел за одговорно учество во сообраќајот

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи во текот на првомајските празници, со цел зголемување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Охрид. Во услови кога во Охрид бележиме зголемената фреквенција на сообраќај, посебно во централното градско подрачје, потребно е дисциплинирано управување на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење, исклучиво користење безбедносни појаси, некористење на мобилните телефонони во…

повеќе...

Гужва и преполни плажи во Охрид

Деновиве Охрид е преполн со гости. Метеж во сообраќајот, полни плажи и угостителски објекти се показател дека Охрид е во шпицот на туристичката сезона. Убавото и топло време ги наполни охридските плажи, а навечер полни се чаршијата, шеталиштата и летните бавчи во градот. Зголемената посетеност е резултат и на одржувањето на голем број концерти и настапи на познати музички имиња од земјава и странство. WebOhrid

повеќе...