СВР Охрид со честитка за Илинден

По повод 2 Август-Илинден, националниот празник на Република Македонија, прославувајќи ги двата историски Илиндена-114 години од Илинденското востание и 73 години од АСНОМ, до сите граѓани од СВР Охрид упатуваат искрени честитки за среќен и долговечен празник.

„Како служба, оддавајќи почит кон слободарските традиции на Македонскиот народ, идеалите на Илинден и АСНОМ, и понатаму, професионално и неселективно работиме во заштита и унапредување на човековите слободи и права и во сузбивањето на криминалитетот. Градиме партнерски однос и блискост со граѓаните и транспарентно работиме на заштитата на вистинските вредности на нашето општество.

Посветени сме кон изградбата на демократска заедница на рамноправни граѓани, градиме стабилен безбедносен систем кој успешно ке се справува со новите безбедносни предизвици, и кој ке ја зацврсти Република Македонија како современа и безбедна европска држава.“- стои во честитката.