Заменик-министерот за образование и наука Висар Ганиу во официјална посета на Црна Гора

Заменик-министерот за образование и наука г-дин Висар Ганиу, во својата прва официјална посета во странство ја посети Република Црна Гора, при што се разговараше за повеќе прашања од областа на образованието и науката. На покана на градоначалникот на општина Улцин г-дин Назиф Цунгу, заменик-министерот Ганиу одржа работна средба во оваа општина.

На средбата, заменик-министерот Ганиу и градоначалникот на Улцин Цунгу разговараа за многу значајни прашања од областа на образованието и науката и за проблемите со кои се соочува образованието на албански јазик во Црна Гора.

Во текот на средбата соговорниците разменија мислења и идеи за искуствата, за продлабочувње на соработката во насока на разменување на студентите Албанци односно студентите Албанци од Црна Гора да имаат можност да студираат во Универзитетот во Тетово и Универзитетот „ Мајка Тереза„ во Скопје.

На крај заменик-министерот Ганиу и градоначалникот на Улцин се согласија дека двете земји треба да ги следат новите трендови во светот на образованието и науката за европска иднина.