Традиционално и оваа година на плоштадот „Крушевска република“ се одржа фестивалот на „Вино и сирење“. На Фестивалот кој траеше два дена, односно 11-ти и 12-ти август учествуваа 12 излагачи, кои своите производи ги излагаа од 20 часот. Фестивалот за отворен го прогласи заменик градоначалникот Ангел Јанев.
„Локалната самоуправа, со организираењето на овој, како и на другите фестивали, културни и спортски настани успешно ја реализира стратегијата за збогатување на туристичката понуда и привлекување на домашни и странски туристи, чиј број постојано се зголемува. Правиме се нивниот престој во древниот Охрид да биде активен и да биде спој меѓу ретките природни и културни реткости, бројните манифестации и да ги вкусат специјалитетите на нашата традиционална кујна“, истакна Јанев.
Охриѓани и гостите имаа можност да уживаат во различните вкусови на виното и сирењето произведено во Македонија. Фестивалот беше збогатен и со културно – забавна програма.