Едно лице повредено во сообраќајка на ул. „Партизанска“ во Струга

Вчера околу 16:25 часот во Струга на ул.„Партизанска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд Мондео“ со охридски регистарски ознаки управувано од А.Р. од с.Лабуништа, струшко и скутер „Априлиа“ со охридски регистарски ознаки управуван од Е.А.(38) од Струга.

Во незгодата возачот на скутерот се здобил со тешки телесни повреди (фрактура на лева клучна коска) кој по укажаната лекарска помош во Медицински центар Струга, е пренесен и задржан во Болницата Св.Еразмо-Охрид. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Струга.