Физички нападнал совозач на друго возило на патот Охрид – Кичево

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ќ.Р.(38) од Тетово.

Пријавениот, казненото дело го сторил на втори минатиот месец во 19 часот и 40 минути на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на бензиска пумпа Окта кај Ново Село-општина Дебрца. Тука, на делот од патот каде поради изведување градежни работи има поставен семафор, пријавениот додека чекал во колона на црвено светло, во еден момент излегол од своето патничко моторно возило и се упатил кон возилото во кое го забележал А.А. од Гостивар. Веднаш започнал вербална расправија со него, а потоа и со нозе удирал по неговото возило. Во еден момент, сега пријавениот со тупаници го нападнал Ј.Ј. кој бил сопатник во истото возило и веднаш си заминал.