Кичевчанец со тупаница го удрил својот татко, му нанел телесни повреди

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против М.А. (22) од Кичево.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 16-ти минатиот месец околу 19 часот во семејниот стан во Кичево, каде настанала жестока вербална расправија со неговиот татко. Во момент на револт, се случила меѓусебна турканица во која, сега пријавениот со тупаница го удрил својот татко во пределот на главата. Истиот, веднаш бил пренесен во Општата болница во Кичево каде биле констатирани телесни повреди.