Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Ж. (41) од Велес.
На 17 февруари оваа година, при претрес во стан на булеварот „Туристичка“ во Охрид, каде пријавениот привремено престојувал, пронајдени се три куршуми калибар 6,35 милиметри од српско производство. По извршени проверки, констатирано е дека П.Ж. не поседува дозвола за поседување и носење на огнено оружје.
При претресот извршен по наредба од Судија во претходна постапка, полициските службеници пронајдоа една најлонска паковка со бела прашкаста материја како и една пластична чаша со кафеава прашкаста материја. Пронајдените предмети се одземени и се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. По добиените анализи, против П.Ж. и по овој основ ќе биде поднесена кривична пријава.