Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.М.(31) од Струга.
Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од осми до четиринаесетти јули оваа година, во куќа сопственост на С.Л. од Струга, при што противправно присвоил: 700 евра во разни апоени, 5500 денари и 22 американски долари.
Д.М. во куќата влегол со оригинален клуч што го пронашол под цергата пред влезната врата, потоа извршил пребарување низ собите, ги пронашол парите и на излегување повторно ја заклучил влезната врата од куќата.