Утре акција за подигнување зелен отпад од УЗ8 „Билјанини Извори“

ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре 18-ти април (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.8 „Билјанини Извори“ .

„Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.“– велат од ЈП „Охридски Комуналец“.