Света литургија за празникот Преображение на Господ Исус Христос

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре во црквата „Свети Георгиј“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преображение на Господ Исус Христос“.

Литургијата ќе биде со почеток во 08:45 часот, а со истата ќе чиноначалстува, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски гл. Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославаување на овој празник.