Вечерва посебен сообраќаен режим околу поранешната охридска касарна

„Охридско лето“ и СВР Охрид информираат дека дел од улицата „Кленоец“ поточно на потегот околу поранешната воена касарна во Охрид ќе биде затворена за сообраќај денеска од 19 часот до завршувањето на театарската претстава „Ничија земја“.

Оваа претстава во изведба на Македонскиот народен театар ќе го затвори годинешното 57-мо издание на фестивалот „Охридско лето“.

Во наведениот период, сообраќајната полиција ќе биде присутна на терен и ќе врши физичко пренасочување на сообраќајот.