На 19.08.2017 година во 16:20 часот, лекар од Медицински центар Охрид во Полициска станица Охрид известил дека кај нив било донесено деветгодишно момче од Охрид, врз кое бил извршен полов напад. Во 18:20 часот во Полициска станица Охрид, мајката на детето пријавила дека на 18.08.2017 година во периодот меѓу 17:00 до 18:00 часот во нивниот дом, нејзиниот малолетен син бил злоставуван од двајца негови другари на возраст од 12 и 10 години.
За настанот биле запознаени Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.