Нови цени на нафтените деривати

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, од вечерва по полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,25 %.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со Одлуката од 08.08.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, додека на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 08.08.2017 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 08.08.2017 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 36,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,204 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 08.08.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 23,993 ден/кг.